Притисни / за фокусирање на лентата

Официјален дигитален речник на македонскиот јазик

Толковниот речник на македонскиот јазик е еднојазичен, описен речник на македонскиот стандарден јазик. Во него е опфатен и лексикографски опишан најупотребуваниот зборовен фонд на јазикот. По обем речникот се определува на околу 100 000 зборови (заедно со внесените како подзаглавни зборови во речничките статии), а по изборот на лексичките единици и по обработката има нормативен карактер.

Корпус на македонски зборови

Овој речник ги содржи најупотребуваните зборови на современиот македонски стандарден јазик. Овој речник се надоградува со зборови од различните стилови, коишто се издвојуваат со честата и општоприфатена употреба во усната и писмената комуникација.

Пребарување низ податоците

Пребарувајте ги зборовите по првата буква, по дел од зборот или како цел збор. Речникот е наменет за најширок круг корисници како неопходен прирачник што ќе ги упатува во правилната употреба на зборовите.

Предложи нов збор

Барање на кратенки и географски термини

Пребарувајте и низ кратенките и географските термини кои се внесени во речникот и брзо најдете го нивното значење. Системот содржи над 1300 често употребувани кратенки во македонскиот јазик, како и над 1200 географски термини со детални објаснувања за нивното значење.

100 години од раѓањето на Блаже Конески

„Везилка“ со гласот на Блаже Конески, објавена на 100 годишнината од раѓањето на нашиот поетски џин од Небрегово, Блаже Конески, како уште еден придонес за глобална афирмација на македонскиот јазик, наука и култура.

Денот на македонскиот јазик – 5 Мај, започна да се одбележува во 2019 година, во рамки на Програмата за одбележување на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик.